Осум премиерлигаши побарале забрана за настап на Сити во ЛШ!

14

Манчестер сити поради кршење на финансискиот фер-плеј и лажирање на спортски документи беа суспендирани од натпреварувањата на УЕФА во следните две сезони.

УЕФА пред повеќе од еден месец ја донесе одлуката, но „граѓаните“ не ја прифатија и се пожалија во Спортскиот суд за арбитража (ЦАС), а случајот е во тек.

Пандемијата на Ковид-19 направи проблеми во светскиот фудбал, па тоа значи дека сезоната најверојатно нема да заврши до почетокот на следната, што би им дозволило на „граѓаните“ да настапат во елитното натпреварување.

За да не се случи тоа, осум од 10 премиерлигаши побарале забрана за играње на Сити во следната сезона во Лигата на шампиони (ЛШ).

Ливерпул, Манчестер јунајтед, Арсенал и Челси се само дел од клубовите, кои испратиле заедничка жалба против „граѓаните“.