Отворени се три групи на кои се споделуваат експлицитни фотографии

82

Отворени се три групи на кои се споделуваа експлицитни фотографии кои се насловени „Јавна соба“.

Групите бројат над 5 000 членови. Се споделуваат фотографии, профили од социјални мрежи, лични податоци, адреси и броеви од девојки.

Минатата година беа регистрирани околу 7.000 корисници кои си разменуваа експлицитни фотографии од девојки од Македонија, некои и малолетни кога минатата година полицијата наводно ја згасна групата на телеграм .

Од МВР за Канал 5 велат дека секторот за компјутерски криминал и дигитална форензика презема соодветни мерки и активности во врска со случајот го пивикуваат секој граѓанин што е жртва на ваква злоупотреба да пријави во најблиската полициска станица , а МВР во координација со обвинителството презема соодветни мерки.