Отворено писмо до Јосип Броз Тито

784

Можеби имал, а можеби и немал појма Тито дека еден ден Македонија која ја нарекуваа ‘‘ миленик‘‘ на Југославија еден ден ќе биде обично акционерско друштво со епитети на суверена, современа демократска држава. Некој ке рече од каде ми е дрскоста да ја наречам државата обично акционерско друштво. Ќути, за среќа под чадорот на НАТО, за да не се секираме дека некој може да не распарчува. Тоа е единствениот ќар

Од Агим ЈОНУЗ

Искрено, не знам што ми текна на тебе. Постхумно, ама викаат ‘‘боље икад него никад‘‘. Не за друго, него онака да те прашам, за да ми разбистри у глава. Да бидеме на чисто, не ми фалиш со твојот комунизам, јебо те комунизам! Тешка утопија ! Таа, црвената буржоазија која ни ја засади и ден денес преку своите поколенија ни ебе све живо. Да, јас те разбирам дека балканска стока може да се чува во едно само со репресија и со железна рака, а ти во тоа успеа и не само тоа, туку даде убава основа за уште поубава разврска по твојата смрт, ама стока си е стока, поготово ако латентно го негувала во себе примитивизмот наместо прогресивноста. Признај дека оние што беа прогресивни бегаа уште у твое време, а оние малку што останаа ги пресече сабјата на мракот во балканскиот котел. Во секој случај, твојата приказна има и убави страни. Една од тие е моделот на европската унија кој постоеше уште кога европјаните беа десет чекори зад Југославија, а со црвениот пасош можевме да патуваме и на Антарктик, без да се буни ниту еден пингвин на граница. Секоја чест. Значи, јас во ова обраќање не те мразам, напротив, во твое време татко ми со една плата не одгледа сите по дома, а башка не носеше обавезно на море и на планина. Фала ти. Респект. Арно, ајде да ми одгоговиш на едно прашање ако си фраер, зашто јас сум малку приглуп па не разбирам.

Кога ја потпишавте Македонија да биде официјално прв пат во својата историја државен ( тогаш република, де) фактор, имавте ли во предвид некои работи. Не ме интересира Босна, како пандан на Македонија со својот мешан етнички состав. Босна си го плати данокот во крв, а и денеска е како темпирана атомска бомба, која може да дестабилизира не Балкан, туку Европа. Мене не интересира Македонија. Ајде да почнеме. Како прво, дали имаше во предвид дека Македонија еден ден може да дојде во ситуација сама да решава за себе. Како и што дојде. Мислевте ли на тоа дали е таа спремна? Мислеше дека вечно Белград ќе може држи ред во Македонија!? Мислеше дека моделот на таа заедница ќе може во таков поликултурализам со несоодветно развиена свест вечно да функционира!? Мислеше ли дека еден ден ‘‘ нема да пуштат рогови‘‘ сите оние кои беа во сенката на прогресивната мисла за балканска нација и единство!? Ех, бре Тито. Идејата ти беше убава, ама со кого! Само да потсетам дека химната ‘‘Хеј Словени‘‘ беше убава за слушање, ама Албанците – не беа и сеуште не се – Словени! Илири! Тоа го запоставуваа сите иако во составот на Југославија легитимно постоеше и автономна албанска покраина. И тука имаше проблем кој се фрлаше под тепих. Ден денеска Косово едни викаат дека е српско, а други албанско. Косово е дефинитивно албанско, ама србите кои живеат таму воопшто не се криви што се родени баш таму. Тоа е исто како во Македонија. Албанците се автохтони! Значи, не била само Босна, туку и Косово е потенцијална бомба како и Босна. На сила убавина. Убавина која ја нарекувавме Југославија, задскриена зад синтагмата ‘‘ сите сме едно‘‘ и ‘‘чувајте го братството и единството како зеницата во окото‘‘! Ти си ‘‘си ебал векот‘ бре Тито. Тачно си знаел која фраза да ја употребиш за да им замачкаш очи на фукарите. Битно, народ го голташе тоа и живееше по денешните анкети многу по социјално сигурно отколку денес. И тоа е факт. Јас лично го потврдувам, зашто доаѓам од семејство од средната класа. Пораснав како ‘‘сито и најадено ‘‘ дете благодарение на социјалната политика, бесплатното школство, здравство, вработеност и социјална грижа за работничката класа. Уште еднаш, фала ти многу и јас не смејам да не те почитувам по тоа прашање. Мене поентата на колумната не ми е да те критикувам. Нека за твоите заслуги зборува историјата, а за историјата не знам ( се правам глуп, де) кога се зборува, осумдесет проценти од Балканот сака да се вратиш. Дали јас сакам!? Сеедно! Се додека постојат ликови кои обединуваат, а не разединуваат, кај мене си на – Бујрум! Дека си бил идеален, тоа да им кажуваш на мали деца, ама, моделот на ‘‘обединувач‘‘ од твој калибар на овие простори е потребен како вода во пустина. Не роди мајка после тебе таков тип! Доденешен ден се збори како кога ти беше жив а кога имаше проблем со нафта, ти на Југославија по телефон и носеше неколку танкери дневно од светот на неврзаните. Да резимираме – беше фраер! Слава ти. Тоа не значи дека те обожавам! Само почитувам.

Нејсе. Да се вратиме на она за што ти се обраќам. Македонија. Понекогаш се прашувам што би правел ти денес кога би бил претседател на Македонија. Јас ти гарантирам дека не би се снашол. Скокај ти до таван ама џабе ти е. Зборувам за демоктратска, а не комунистичка Македонија. Комунистикиот модел би ти овозможил наместо на Голи Оток да праќаш луѓе во ‘‘Голем Град‘‘ на Преспанско Езеро, ама мало острово е. Премногу стока има за така мал простор. Значи би морал да функционираш во модел на современа демократија во несовремени услови, со маса која по прашањето на свеста и здравиот разум е на дното, или пак ако не е, во друштво е со Руанда Бурунди! Дали можеше да претпоставуваш дека после АВНОЈ, еден ден Македонија ќе биде суверена држава? Па, ти си и дал легитимитет! Јас не сум ти крив! Ај што е држава, ама каква! Каква и да е, моја е, не ја проколнувам, само си правам муабет. Македонија е едно акционерско друштво на поликултурна и полиетничка маса на недоволно изживеани граѓани, кои на твојата синтагма ‘‘ братство и единство‘‘ одговараат со ‘‘ да си го бришеш газот со таа парола‘‘! Како би ја средил ти Македонија!? А, истовремено да сочуваш демократски модел без репресија и со уставно право секој да си прави што сака. Ете! Немаш одговор! Немам ни јас! Затоа ти се обраќам, за да видам што мислиш ти! Твојот модел на функционирање не би можел да види бел ден освен ако мислиш дека би можело со ‘‘ железна рака‘‘ . За кого бе железна рака!!! За стока не е железна рака туку стап. Па ова е демократија, а не комунистички режим на функционирање по системот ‘‘ нареџење – извршење‘‘. Тррррт! Ти би се изгубил во современата македонска држава како покакано дете на сред дневна соба кое не знае каде да се сврти. И ти си ми некој фраер! Си бил во своето време. Сега и тука, дури и ти си неупотреблив. Остани си во историјаата како лидер кого јас лично го почитувам. А, да! Ти рекоа ли во Македонија ‘‘фала за државата‘‘!?! Не! Официјално никој не те ебава ни 2%! Извини ако не е респектабилно прашањево ама морам! Па кој кур се секираш!!! Знаеш ти дека ни брат на брата денеска не вика фала за ништо. Па за една држава! Ај спиј си таму на раат у Белград, ама имај у предвид дека е симптоматично тоа што повеќе од пола народ бара назад и Југославија, и тебе, и братство единство,.. и ‘‘тринаеста плата‘‘! Ама ќути си, зошто никој не го спомнува ‘‘Голи Оток‘‘! Прави се мутав, да не дигаме сеа непотребни прашања.

Да и се вратиме на Македонија. Можеби имал, а можеби и немал појма Тито дека еден ден Македонија која ја нарекуваа ‘‘ миленик‘‘ на Југославија еден ден ќе биде обично акционерско друштво со епитети на суверена, современа демократска држава. Некој ке рече од каде ми е дрскоста да ја наречам државата обично акционерско друштво. Ќути, за среќа под чадорот на НАТО, за да не се секираме дека некој може да не распарчува. Тоа е единствениот ќар. Обична фирма која има име како да е конзорциум. А, што е ако не е акционерско друштво, ако се земе во предвид начинот на кој таа функционира. Во Македонија за сметка на квалитетната функционалност, поважна е застапеноста на етничкиот баланс и процентите по кои секој има право да и ја расплакува мајката на свој начин. Некој што ја чита колумнава од страна а не ги знае работите, одма ќе помисли на албанците и ќе ги направи виновни за се, ама тој не знае дека највиновни се прво македонците па после албанците. Да беа македонците како што треба, ни албанците немаше да се однесуваат онака како што се однесуваат. Село без кучиња. Најновиот попис се чекаше многу долго за да на крај сите бидат задоволни и оправданоста на функционирањето по системот на акционерско друштво да има свој легитимитет. Сите задоволни. Дали пописот е автентичен и точен!? Тоа се приказни само за умно ретардирани. Арно ама, и волкот е сит, а и овците на број! Многу нешта во минатите дваесет години од последниот попис се оправдуваат по системот на бројки кои ги оправдуваат и рамковните и не рамковните политики. Новите бројки на пописот во Македонија само ја зацврстуваат политиката на функционирање по системот на процентуално право, а не по принципот на граѓанско право. Во држава со демократски определено општество принципот на граѓанско функционирање по компетентност, квалитет и образованост уште долго ке остане во сенка. Пописот само удри печат на тоа како ке функционира државата и понатаму. Како акционерско друштво! А не како држава. Зошто да беше поинаку, како во здрави држави, на пописот ке се гледаше како на најобична статистика, како на бројка, а не како на документ кој кажува кој акционер колку ќе има ‘‘фајде‘‘ од државата. Колку ќе има право да и расплакува маме мамино! Некој спомна држава!? Која држава!? Ааа Македонија. Нека е вечна. Наша е, па и од кал да е! Ало Титооо! Иди ти  у пизду материну со све твојот комунизам! Нас ни е убаво вака! Си уживаме во овој башибозук! Барем така ни кажуваат медиумите. Што знаеш ти што е медиум, интернет, Фејсбук, ова она! Ама, уште немам одговор на прашањето зашто народот те бара назад! Е, криво да седиме, право да збориме, фраер си, нема што! И Мртов си фраер!

ООО ЏЕМААТ! Сум бил на Голи Оток туристички, жими мајка има фантастични плажи, чисто море, ама има многу камења. Мислам дека многу убаво би ти дошол еден Голи Оток. Ем ќе се сунчаш, ем ќе развиваш мускули кршејки камења, ем нема никогаш да ти текне ‘‘ да јадеш гомна‘‘!  За тебе само ‘‘Голем Град‘‘ среде Преспанско Езеро! Нема многу камења, ама чист ваздух да уживаш.

(Авторот е редовен колумнист на весникот КОХА)