Откриена е сумата под која ПСЖ нема да го продаде Мбапе на Реал

2

Првата понуда од 160 милиони евра од „кралскиот“ клуб беше одбиена од францускиот гигант за услугите на Килијан Мбапе.

Килијан Мбапе повторно се поврзува со трансфер во Реал Мадрид. До крајот на овој летен преоден рок, кој истекува на 31 август на полноќ, или следната година, ќе зависи само од исходот од преговорите помеѓу Реал Мадрид и ПСЖ.

По одлуката на Мбапе да го откаже продолжувањето на договорот со ПСЖ, Реал ја испрати првата официјална понуда до Париз, која изнесуваше 160 милиони евра.

Но, таа беше обиена, со остра порака од шеикот Ал-Тани: „Доколку прифатите одредена цена, јавете се. Или вашиот играч нека игра голф игра за вас цела сезона“, алудирајќи на Герет Бејл и дека ПСЖ нема да дозволи да го пушти еден од нивните најдобри играчи под цената, дури и по цена што Реал може да го донесе како слободен играч за една година без надомест.

Според „Л`Екип“, кој ексклузивно ги донесе првите информации за понудата на Реал од 160 милиони евра, ПСЖ постави цена од 200 милиони евра под која нема намера да го пушти францускиот напаѓач.

Од друга страна, овој трансфер исто така се претвора во политичко прашање. Сопственикот на ПСЖ, Насер Ал-Келафи сака да го задржи Мбапе по секоја цена, со надеж дека ќе го убеди подоцна да го продолжи договорот. Фудбалерот, пак, наводно нема да го продолжи договорот за сите пари во светот, и сака да игра за Реал по секоја цена.

Сепак, тој не е незадоволен во Париз и не би имал ништо против да игра цела наредна сезона за ПСЖ со Нејмар и Меси во напад, а потоа да потпише за Реал како слободен играч следното лето.