Откриено колку работат членовите на британското кралско семејство

8

Деталите за службените ангажмани на монарсите се бележат во кралскиот бележник, дневниот список на случувања на кои присуствуваат кралицата и нејзиното семејство.

Да се биде член на кралското семејство не е најлесната работа на светот барем судејќи според ТВ емисиите и филмовите, но колку всушност работат тие?

Според официјалните податоци, истакнатите членови на кралското семејство и оваа година работеа во просек 84,5 денови, односно околу една третина од 253 работни денови во Велика Британија, пренесува АП.

Едната ќерка на кралицата Елизабета II, принцезата Ана, била нјавредниот член на семејството најмалку трета година по ред, со вкупно 167 работни денови.

Наследникот на престолот принцот Чарлс се наоѓа на второто место со 125 денови службени должности.

Кралицата Елизабета (93) работела 67 денови, четири денови повеќе отколку во 2018 година.
Деталите за службените ангажмани на монарсите се бележат во кралскиот бележник, дневниот список на случувања на кои присуствуваат кралицата и нејзиното семејство.

Меѓутоа, некои членови од кралското семејство имаат и приватни аранжмани, кои можеби не се вклучени во овој список.

На пример, кралицата, која сега е во својата 68 година од владеењето, добива црвена кутија со службени преписки, без оглед на тоа каде се наоѓа во светот.

Членот на кралското семејство кој е втор на ред да го наследи тронот, принцот Вилијам, работел 74 денови во изминатите 12 месеци.

Неговата сопруга Кејт работела 58 денови.

Должностите на парот ја вклучуваа и турнејата во Пакистан, поддршката на кралицата во текот на државната посета на Британија на претседателот на САД Доналд Трамп во јуни и времето поминато на сопствени добротворни проекти.