Откриено од што починал Боб Сагет: Ја удрил главата, мислел дека не е ништо страшно

64

Aмериканскиот комичар, актер и водител Боб Сагет почина пред повеќе од еден месец, на 9 јануари годинава, на 66-годишна возраст.

Властите сега открија дека Сагет починал од повреда на главата. Заклучиле дека случајно тилот, задниот дел од главата, го удрил во нешто, мислејќи дека тоа не е ништо страшно и отишол да спие. Алкохолот и дрогата не биле вклучени во причините за неговата смрт, напишале членовите на семејството на актерот Боб Сагет, пишува „Пејџ сикс“.

Сагет се прослави кон крајот на 80-тите и почетокот на 90-тите со улогата на самохраниот татко Дени Танер во популарниот ситком „Полна куќа“, кој беше многу популарен и во Македонија. Телото на Боб беше пронајдено во хотелот „Риц-Карлтон Орландо“ во Флорида, каде Сагет беше на турнеја. Комичарот веќе неколку месеци беше на турнеја, која беше предвидена да трае до мај годинава.

Тој вечерта имал настап во концертната сала „Понте Ведра“, а подоцна на социјалните мрежи Твитер и Инстаграм ѝ се заблагодари на публиката за одличната реакција. Утредента беше пронајден мртов.

„Во неделите откако Боб почина, добивме неверојатна поддршка и љубов од обожавателите на Боб, што ни беше голема утеха и вечно сме благодарни за тоа. Додека продолжуваме да тагуваме заедно, ги замолуваме сите секогаш да се сеќаваат на љубовта и смеата коишто Боб ги донесе на овој свет и сите оние лекции на коишто нѐ научи: бидете добри еден кон друг, дадете им до знаење на луѓето кои ги сакате дека ги сакате, а со тешките времиња соочете се со прегратки и смеа“, се вели во соопштението на семејството.

Инспекторите претходно ја отфрлија дека Сагет умрел од дрога или злосторство и веруваа дека се работи за срцев или мозочен удар. Погребот на ѕвездата од „Фул Хаус“ беше на 14 јануари во Лос Анџелес.