Официјално: Арсенал го комплетираше трансферот на Габриел Жесус

17

Габриел Жесус од Манчестер Сити се пресели во Арсенал, лондонскиот клуб денеска и официјално го поврди трансферот.

25-годишниот напаѓач доаѓа како големо засилување за топчиите.

„Габриел Жесус потпиша долгогодишен договор со нас“, стои во соопштението на Арсенал.

Во текот на петте сезони поминати во Манчестер Сити, Габриел Жесус постигна 95 голови во 236 натпревари.