ОФИЦИЈАЛНО: Одложена трката за Големата награда на Кина во формула 1

3

Азија ризикува да ги загуби спортските настани во блиска иднина заради коронавирусот. Светската автомобилистичка федерација официјално ја откажа Големата награда на Кина во април.

Поради епидемијата со коронавирусот, ФИА ја одложи трката, која требаше да се одржи во Шангај од 12 до 14 април. Трката е одложена на неодредено време, а ФИА се обврза да најде алтернативен датум за трката во случај ситуацијата да се подобри.

Од големите спортски настани, одложено е и Светското првенство во атлетика во сала, а иако е релативно рано, стравуваат и организаторите на Олимписките и Параолимписките игри во Токио.