Официјално потврдено: „Матрикс 4“ во претпродукција

36

Кијану Ривс и Кери-Ен Мос, ѕвездите од „Матрикс“ трилогијата, потврдија дека ќе ги повторат своите улоги и во четвртиот дел од научнофантастичната сага.

Лана Вачовски ќе биде режисер, сценарист и продуцент на новиот филм. Во другите улоги ќе се појават Џејда Пинкет Смит, Нил Патрик Харис, Џонатан Голф и други.

Снимањето ќе почне наредната 2020 година, а премиерата е закажана за 21 мај 2021 година.