„Охридска рапсодија“, карантин каверот на „Bohemian Rhapsody“ ја освои македонската јавност

Креативниот дух на охриѓани секогаш бил силен. Тие тоа го покажуваат и во моментите на големата здравствена криза предизвикана од пандемијата на коронавирусот Ковид 19, поради што земјата е во своевиден карантин со продолжен полициски час.

17

Од изолација седумдесеттина охриѓани, на иницијатива на музичарот Никола Јосифоски, направија кавер на култната песна „Bohemian Rhapsody“ на „Queen“, кој во видео спот го склопи Пеце Настески. „Охридската рапсодија“ еден ден по објавувањето на социјалните медиуми ги освои симпатиите на јавноста во земјата.

За еден ден емитување „Охридска рапсодија“ има речиси 13.000 видувања на You tube.