Охрид може да се најде на црната листа на загрозени подрачја на УНЕСКО

47

Дивоградбите во заштитената зона на охридско-струшкото крајбрежје, политика наместо заштита на културното наследство –беззаконието и негрижата не доведоа во ситуација Охрид од заштитено да влезе на црната листа на загрозени подрачја под заштита на УНЕСКО.

Дел од препораките на реактивната мисија на Светската организација за заштита на културното и природното наследство не се исполнети -признаваат и централната и локалната власт. Извештајот на УНЕСКО е готов и треба да биде јавно објавен во јануари.

Но одговорност за неисполнување на препораките не чувствува ниту градоначалникот, а не гледа вина ниту кај централната власт.

Регистарот на дивоградби во Охрид покажува дека има 409 такви објекти. Георгиевски вели дали вкупно педесетина објекти се во заштитено подрачје кои наскоро ќе треба да се рушат. И додека Охрид ги пребројува дивоградбите Струшкиот градоначалник, крева раце од надлежноста за уривањ, а и убверува дека кај него нема ниту еден.

Владата пак допрва ќе пребројува. Ги чека списоците.

НАПРАВЕНА Е МЕЃУВЛАДИНА КОМИСИЈА КОЈА ЈА КООРДИНИРА МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ТРАНСПОРТ И ВРСКИ ВО ДЕЛОТ НА ДИВОИЗГРАДЕНИТЕ ОБЈЕКТИ ВО ОХРИД, СТРУГА И ДЕБАРЦА. ПОБАРАНО Е ОД ОПШТИНИТЕ ДА ДОСТАВАТ СПИСОК СО СИТЕ ДИВОЗИГРАДЕНИ ОБЈЕКТИ СО АДРЕСА И НАМЕНА НА ОБЈЕКТОТ ЗА СИТЕ НЕЛЕГАЛНИ ГРАДБИ. ОТКАКО ЌЕ ГИ ДОСТАВАТ ЌЕ СЕ НАПРАВИ АКЦИСКИ ПЛАН ЗА ПОСТАПУВАЊЕ СО СИТЕ ОВИЕ НЕЛЕГАЛНИ ОБЈЕКТИ СПОРЕД ЗАКОНОТ ЗА ПОСТАПУВАЊЕ СО БЕСПРАВНО ИЗГРАДЕНИ ОБЈЕКТИ. – ВЕЛАТ ОД МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ТРАНСПОРТ.

Наредната година, транспорт треба да почне и со изработка на Урбанистички план за крајбрежјето на Охридското езеро, но само за општина Охрид. „Согласно ГУП-от на општината, етапно ќе се решава проблемот со дивоградбите во крајбрежниот појас на езерото и се што е во зоната на езерото и надовр од ГУП-от нема да влезе во тој Урбанистички план.“- ветуваат од транспорт.

Невладините пак велат Охрид многу порано требало да биде ставен на црната листа на Унеско. А стравуваат дека за кратко ќе го загуби целосно статусот на заштитено светско наследство.

Државата имаше рок до февруари годинава да одговори позитивно на забелешките на УНЕСКО од состанокот во Баку годината претходно, а постигнатиот напредок требаше да се разгледува летово во Кина, кој не се одржа. Извештајот на УНЕСКО ќе биде објавен во јануари а земјава е на пат после 4 деции под капата на Унеско, единственото Унеско подрачје – да го смести во црната листа на загрозени подрачја.