Очајниот Кристијано Роналдо каков што не сме навикнати да до гледаме често

27

Торинскиот Јувентус се збогува со учеството во Лигата на шампионите оваа сезона.

Старата дама го победи Порто во Торино по продолженијата со 3: 2, но гостите од Португалија поминаа меѓу осумте најдобри екипи во Европа благодарение на поголемиот број голови на гости.

На овој дуел одбраната на Порто целосно ја уништи главната ѕвезда на Јувентус, Кристијано Роналдо. Освен случајна асистенција за Федерико Киеза, португалскиот мајстор не направи апсолутно ништо.

Ова беше една од најлошите игри во кариерата на Кристијано Роналдо. Португалецот изгледаше потполно изгубено, топката се одбиваше од него и тој не беше ни близу до нивото на кое се навикнати навивачите на Јувентус.

Деталите за неговата игра од мечот секако се веќе издвоени и навистина е неверојатно за играч од оваа класа да пружо толку лоша игра.