„Очекувам Бугарија да го признае македонскиот јазик, бидејќи признат е од сите“, рече Заев

12

„Сигурни сме во нашиот идентитет, македонскиот јазик е непобитен“, рече премиерот Зоран Заев за време на вечерашното гостување во „Клик Плус“ на ТВ21.

Со Премиерот дебатираме на темата „Бугарско вето“. Тој рече дека очекува македонскиот јазик и народ да биде признаен од Бугарија.

„Лично очекувам Бугарите и бугарските власти да го признаат македонскиот јазик и македонскиот народ, затоа што тоа е чувство, тоа е дел од ОН, признаени сме од целиот свет, и внатре ако сакаат може да продолжиме како досега, а во Европа да нотира дека за Бугарија македонски јазик е тоа што е согласно договорот“, коментираше Заев.