ОЧЕКУВАЈТЕ ПОВИСОКИ СМЕТКИ ЗА ЈУЛИ: Се чека на пратениците да го намалат ДДВ-то

6

Се чека на Законодавниот дом да го аминува намаленото ДДВ од 18 на 5 проценти. Сепак за јули сметките за струја ќе бидат повисоки а првиот финансиер во државата Бесими, вели дека деновите кога ќе биде усвеоно новото ДДВ се бројат на прсти.

Одлуката на регулаторна за поскапување на електричната енергија за 12,3 проценти почна да важи од 1 месецот и тоа со ДДВ од 18 проценти и така ќе се пресметува се додека не се усвои новата законска регулатива, понизок ДДВ не смее да се пресметува.

Бесими упати апел до сите пратеници што побрзо да го донесат законот и ДДВ на струјата да се пресметува на пониска стапка.