ОЈО бара казни од по 2 000 евра за десет лица од Скопје поради непочитување на полицискиот час

Основното јавно обвинителство Скопје денеска поднесе шест предлози за изрекување парични казни од по 2 000 евра за десет лица кои не го почитувале полицискиот час.

25

Ова кривично дело е казниво по член 206 од КЗ за непостапување според здравствените прописи за време на епидемија.

Обвинетите за време на полицискиот час биле затекнати на различни локации во Скопје без да поседуваат дозвола за движење.