„Падна“ договор меѓу угостителите и Владата, исполнети три барања

23

Има договор меѓу угостителите и Владата.

Изнајдено е решение за да им се помогне во овие тешки времиња предизвикани од пандемијата. Од пет барања – три се исполнети, четвртото останува да се доработи, а во однос на петтото барањe немало договор.

„Имаше дискусии и појаснувања околу нашите барања, како и презентација на пакетот мерки што го спрема Владата. Од нашите пет барања, трите се речиси во целост исполнети, четвртото барање останува да се доработи, а во однос на петтото немаше дискусија. Најверојатно месец јануари на некој начин е изгубен во однос на субвенцијата за плати, но државата работи и вложува напори како да ги надомести во наредниот период“, изјави Здравко Јосифовски од НУК.

Предлогот на петтиот пакет, кој се уште не е финално дефиниран, содржи околу дваесет мерки. Поради пандемијата лани беше ограничено работењето на угостителските објекти, за да се спречи ширењето на Ковид -19.