Пазарниот инспекторат го затвори ноќниот клуб од Струмица заради непочитување на прописите

11

Ноќниот клуб „Аватар“ од Струмица утринава е затворен од страна на Државниот пазарен инспекторат, информира за МИА директорот на Инспекторатот Стојко Пауновски.

Инспекторите во петокот навечер извршија контрола на клубот и подготвија записник, а за вчера најавија и кривична пријава до јавното обвинителство заради непочитување на здравствени прописи за време на епидемијата на Ковид-19.

– Инспекторите беа таму во петокот навечер, подготвен е записник и ќе биде поднесена кривична пријава заради тоа што ниту еден ноќен клуб во моментот не смее да работи, информираше Пауновски во неделата.

Од менаџментот на „Аватар“ во неделата посочија дека работат како кафе бар и на отворено и дека се придржувале до сите протоколи и прописи.