Пандев не бил единствениот – од Тотенхем за Шкендија се распрашувале и кај еден македонски новинар

17

Жозе Мурињо е секако прагматичен тренер, а тоа го покажа и со тоа што го исконтактирал Горан Пандев за да побара информација плус за тимот на Шкендија.

Тетовскиот клуб вечерва во Скопје на арената „Тодор Проески“ ќе се соочи против еминентниот клуб од Премиер лигата, тимот на Тотенхем, кој синоќа допатува во Македонија.

Но освен разговорот со Горан Пандев, Мурињо и Тотенхем побарале екстра информации од еден македонски новинар, станува збор за Борис Пауновски од радио „Антена 5“, околу тоа со каков тим ќе се судри Тотенхем вечерва.

Но како и да е, несомнено дека Тотенхем е јасен фаворит, но гледајки го нивниот претходен натпревар во Бугарија, а и победата на Шкендија кај Боташони, зошто да не се случи некое неверојатно сценарио.