Пандев: Само еднаш потфрливме во овој циклус, сега со победа да завршиме!

5

Македонската фудбалска репрезентација утревечер ќе се соочи со Израел со желба победнички да ги заокружи квалификациите за Евро 2020, во кои не успеавме да се избориме за директен палсман на континенталниот шампионат, па освојувањето на третото место сега е императив.

Никогаш досега Македонија не била подобро пласирана од „вечното“ четврто место, а сега се отвора шанса за најдобар наш пласман во историјата, но за то освен победа со Израел, ќе ни треба и помош од Полска, која ќе треба да ги победи Словенците во меч без никаков резултатски императив.

„Ова е последниот наш меч во овие квалификаци и сакаме со победа да ги завршиме и да се пласираме таму каде што никогаш досега не сме биле. Сакаме да бидеме трети. Игравме во овие квалификации во една неатрактивна, но тешка група и само против Австрија потфрливме, додека на останатите мечеви одигравме добро. Можеби можевме да освоиме и повеќе бодови, но решаваа нијанси. Не успеавме да стигнеме до тоа второ место за директен пласман на Евро 2020, па сега третото место би било добар резултат за нас во овие квалификации“, рече капитенот Горан Пандев.