ПАНДЕМИЈАТА ДОВЕДЕ ДО ПРОМЕНИ: Oва се десетте најмоќни економии

20

Со пандемијата, и листата на најмоќни економии во светот доживеа промени.

САД е на врвот со номинален БДП од 20,9 милијарди долари минатата година. Зад неа е Кина која има раст на номиналната вредност на 14,7 милијарди долари. Јапонија е третата најмоќна светска економија со БДП проценет на 5,0 милијарди долари, а на четврто место е Германија со вредност од 3,8 милијарди долари. Обединетото Кралство е на петтата позиција, а Индија е шестата најголема светска економија. Франција е седма со номинален износ на БДП од околу 2,6 милијарди долари, а осма е Италија со вредност проценета на околу 1,9 милијарди долари. Бразил веќе не е во топ 10. Но, во топ 10 влезе Канада, со БДП проценет на 1,7 милијарди долари. Како десетта најмоќна економија годинава се најде Јужна Кореја со БДП од 1,6 милијарди долари. Повеќе земји во светот поради пандемијата влегоа во рецесија. И Германија влезе во рецесија поради пандемијата.