Пановски за тв 24: Ако се продолжи со вакво темпо, за 10 дена ќе имаме 1000 случаи на заразени

24

Професор д-р Никола Пановски во гостувањето во утринската програма Студио 10 рече дека сегашната бројка од 317 новозаразени лица се должи на собиранките, забавите, свадбите и потенцираше дека бројката ќе расте.

„Инкубацијата е најчесто 3-5 дена.“ – рече Пановски.

Пановски смета дека овие 300 луѓе би заразиле 450 луѓе, а тие уште 450 и ширењето ќе биде експлозивно и тоа може да се види со бројката на активните случаи. Сега, кога доаѓа есента, бројката загрижува зошто со висока бројка го стартуваме есенскиот бран и тоа многу порано.

„Ако се продолжи со вакво темпо со собирање, лесно ќе се пресмета дека за 10 дена ќе имаме 1000 случаи на заразени. Најверјатно во моментот има 3000 активни случаи и бројката на таквите случаји би достигнала и до 20 000 активни случаи.“ – рече Пановски.

Пановски смета дека на волку сериозна состојба, треба да се донесе карантин. Смета дека со построги мерки, забавите ќе продолжат да се одржуваат во затворен простор. Пановски вели дека се потребни санкции со државен карантин за сите кои ќе се затекнат во кафуле. Заради бесови кои може да се почекаат шест месеци, бројката расте, смета Пановски. Асимптоматичните случаи се најголемите ширачи на заразата, особено во затворен простор.