Папата: Да се молиме за Австралија

4

Папата Франциско денес ги повика луѓето да се молат за Австралија, која се бори со катастрофални пожари.

Тој изрази солидарност со граѓаните на таа земја.

„Би сакал да ве замолам сите вас да се молите на Бога за да им помогнеме на Австралијците во ова тешко време, со овие тешки пожари“, рече папата, пренесува АП.

Во пожарите што избувнаа во септември загинаа 26 лица, уништени се 2.000 куќи, изгореа стотици хектари и настрадаа голем број животни.