Папата Франциско го осуди нападот врз станбената зграда во Днепар

3

 

Папата Франциско денеска го осуди рускиот ракетен напад врз станбена зграда при што загинаа 45 лица, меѓу кои две деца, во источниот украински град Днепар.

Тој нападот го нарече потресен и повторно упати апел за мир.

– Минатата сабота, уште еден ракетен напад предизвика многу цивилни жртви, вклучително и деца. Ја споделувам потресната болка на членовите на семејството. Видеата и извештаите за оваа трагична епизода се силен апел до сите луѓе со совест. Човек не може да остане рамнодушен, посочи папата Франциско.

Украина соопшти дека станбената зграда била погодена со руски проектил Кх-22. Кремљ објави дека ниту една станбена зграда не била цел на ракетните напади на 14 јануари.