Папата Франциск повика на уништување на нуклеарното оружје

12

Папата Франциск денеска ги повика светските лидери да се откажат од нуклеарно оружје додавајќидека и складирањето нуклеарно оружје ја намалува безбедноста, троши пари и се заканува на човештвото.

За време на неговата посета на Нагасаки, град кој беше жртва на атомско бомбардирање во 1945 година, тој го осуди прекинувањето на договорот за контрола на оружјето.

„Убеден дека светот без нуклеарно оружје е можен и неопходен, ги молам политичките водачи да не заборават дека овие оружја не можат да нè заштитат од сегашните закани за националната и меѓународната безбедност“, рече поглаварот на Римокатоличката црква.

Папата Франциск ги посети Нагасаки и Хирошима на почетокот на тридневната посета на Јапонија која има за цел да го потенцира повикот за глобална забрана за атомско оружје.

Ватикан беше меѓу првите држави што го потпиша и ратификуваше Пактот на ООН за забрана на нуклеарно оружје, а самиот папа Франциск направи чекор над сите негови претходници тврдејќи дека не само употребата, туку и обичното поседување нуклеарно оружје е „за осуда“.