Папата Фрањо в болница за операција на дебелото црево

3

Папата Фрањо денес беше хоспитализиран во болница во Рим, на закажана операција поради проблем со дебелото црево. Портпаролот на Ватикан Матео Бруни рече дека повеќе информации ќе соопшти после операцијата во Универзитетската поликлиника Џемели.

Пред операцијата, утринава 84-годишниот папа ја одржа традиционалната неделна миса на плоштадот Св. Петар и Павле.

Ова е прва хоспитализација на папата Фрањо откако беше избран во 2013.