Партиите имаат уште три дена да се изборат за гласот на граѓаните

14

Кандидатот за прв премиер албанец Насер Зибери на плоштадот Скендербег ќе оствари средба со лекарите и здравствените работници со цел презентирање на програмата во областа на здравството.

Партиските коалиции уште три дена имаат можност да ги придобијат граѓаните да гласаат за нивните опции.

Денеска караванот на коалицијата „Можеме“ ќе ги посети општините Битола и Карпош. Оваа коалиција во Скопје ќе го промовира целосно инклузивното програмско видео на политичка платформа за сите лица со попреченост.

Коалицијата „Обнова на Македонија“ денеска е во Пехчево, Берово и Делчево.

– Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски ќе ги посети општините Македонска Каменица,, Пехчево, Берово и Делчево.

– Носителката на листата во ИЕ 1, Гордана Силјаноска Давкова ќе оствари средба со здравствените работници.

Можеби ќе ве интересира
Ахмети: Идејата за прв премиер Албанец не е шега!

 

– Носителот на ИЕ 3, Игор Јанушев ќе даде изјава за медиуми во општина Зелениково, а ќе оствари средба со жителите на Македонска Каменица на Пехчево, Берово и на Делчево.

Кандидатот за прв премиер албанец Насер Зибери на плоштадот Скендербег ќе оствари средба со
лекарите и здравствените работници со цел презентирање на програмата во областа на здравството.

Левица во Скопје ќе одржи прес-конференција на која ќе ги изнесе причините за поднесување кривична пријава против поранешниот претседател на Уставниот суд Никола Ивановски.

Во Штип пак прес-конференција ќе има Граѓанско демократската унија на тема фискална децентрализација.