Партиите на средби со граѓаните

37

Кандидатите за пратеници, носителите на листите во изборните единици и лидерите на партиите ја продолжуваат кампањата.

Коалицијата „Обнова на Македонија“ и носителите на листи на ВМРО-ДПМНЕ ќе остварат средби со граѓани и ќе дадат изјава за медиуми во Дебар, Тетово, Скопје и во Неготино.

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски ќе ги посети општина Дебар во 15.30, општина Маврово Ростуше во 17 часот, општина Гостивар во18.30 и општина Тетово во 20.30 часот..

Носителот на листа во ИЕ2, Владо Мисајловски ќе даде изјава во 12.15 часот во Визбегово, а во 18.30 часот ќе оствари средба со жителите на Ѓорче Петров во ромско маало.

Носителот на листа во ИЕ 3, Игор Јанушев, ќе оствари средба со жителите на општина Свети Николе каде во 10.15 часот е предвидено изјава за медиуми во центарот на градот. Во 14.15 часот е предвидено да биде дадена изјава заедно со Унија на жени на ВМРО-ДПМНЕ локација кафе бар Феникс (центарот на градот).

Носителот на листа во ИЕ 4, Алекснадар Николоски ќе оствари средба со жителите на село Пепелиште општина Неготино во 18.30 часот, а во 20 часот ќе оствари средба со жителите на село Криволак општина Неготино.

Претседателот на СДСМ, Зоран Заев ќе даде изјава за медиуми.

Караванот на Коалицијата „Никогаш северна – само Македонија“ ќе оствари средби со граѓаните во скопските општини кои припаѓаат на изборните единици број 1 и 2.

Носителите на листи во и.е. 1 и 2, Билјана Џинго и проф. д-р Јове Кекеновски како и претседателот на Единствена Македонија проф. д-р Јанко Бачев ќе дадат изјави за медиумите пред спомена куќата на Мајка Тереза на ул. „Македонија“. (11.30)

Прес конференцијата на Коалицијата Алијанса за Албанците и Алтернатива „Сега е време“. (Плоштад Скендербег“, изборен штаб/12 часот).