Партиите се договорија, денеска треба да се комплетираат собраниските комисии

7

Откако парламентарните партии постигнаа договор за претседавањето со собраниските комисии, денеска треба да се одржи седница на Комисијата за прашања на изборите и именувањата на која треба да се гласа за составот на парламентарните комисии. Потоа составот на комисиите треба да помине и на пленарна седница.

Пратениците од СДСМ ќе претседаваат со осум собраниски комисии, опозициската ВМРО-ДПМНЕ исто така со осум, ДУИ со три, вклучувајќи ја и Комисијата за уставни прашања, со која претседава претседателот на Собранието, Алијанса за Албанците и Алтернатива ќе претседава со две комисии, а Беса со една.

Пратеникот Никола Мицевски од ВМРО-ДПМНЕ вчера изјави дека неговата пратеничка група ќе претседава со истите осум комисии како и во минатиот состав и потврди дека нивните пратеници ќе учествуваат на седницата на Комисијата за избори и именувања и на пленарната седница на која треба да биде потврден составот на комисиите.

Денеска треба да се знае кога ќе биде свикана седницата на која ќе се гласа за составот на Комисиите и како ќе се одвива натамошната работа на Парламентот.