Партиските измамници на нашите институции

22

Да се натпреваруваш со конструктивни идеи за доаѓање на власт е легитимна кауза и широко прифатена од масите, додека да го саботираш процесот на работата во име на некаков вид на опозициски бунт е рамноправно со глупавиот менталитет што некогаш имаше покојниот Хаџи Ќамил

Од Емин АЗЕМИ

Во државна администрација можеш да сретнеш секакви луѓе, што работното место го сметаат како хоби или како простор каде се демонстрираат сите глупости и партиски реваншизми. Има многу од вработените кои одењето на работа го сметаат како некаква тортура, затоа тие не се двоумат да ги мачат странките со нивните (не) услуги. Тие мислат дека ако не го почитуваат работното време, ќе се одмаздат кон нивните шефови. Неретко, се случува да е невообичаено овие појави да преземаат политичка конотација. Дури не изостануваат и намерни инциденти што ги предизвикуваат неработниците, само да ги принудат шефовите да против нив се преземат мерки и да излегуваат пред јавноста со обвиненија за политички реваншизам против нив.

Значи, има многу партиски активисти, од различни партии, кои повеќе се грижат како да предизвикаат некаков инцидент на работно место, отколку да се грижат за професионалните обврски што треба да ги извршуваат. Оваа провидна логика, поставена едноставно и претходно, не само што е многу наопаку, туку и многу штетна. Оваа логика не се загрижува воопшто за имиџот на институцијата каде што работи. Туку за него најважно е да се обвинува некој шеф или директор на конкурентска партија, така што се случува да обвинетиот со денови не доаѓа да на работно место, каде и ја зема својата плата.

Овие луѓе што обвинуваат мислат дека еден ден ќе доаѓаат на власт и да одржуваат ред во институцијата каде во моментот добиваат плати и не работат. Ајде памет, ајде. И кој ќе им верува на нив? Да правиш траги-комични филмови каде себеси ќе го прикажуваш како жртва, а шефот – џелат (крвник), е наивна индустрија за производство на лажни алиби.
Државните институции имаат нивен менаџмент како и работен план за секоја работна единица, додека во рамките на секоја единица се поделуваат одговорностите според профилот на вработените. Ако еден вработен отсуствува со часови во текот на денот, или да не даде Господ неколку дена, неговата работа треба да ја извршува некој друг, или обично тие обврски не ги извршува никој.

Кој страда од неизвршувањето на работните обврски од страна на неодговорните работници во нашите институции? Овој одговор треба најпрвин да го дадат оние кои претпочитуваат таков стил на работите, површно, што повеќе личат на опструкции, меѓутоа и евентуалните инспиратори на овие луѓе, кои со миен мозок мислат дека така ќе му наштетат на конкурентска партија (!).

Намерно ги кршиш правилата на работа, со измамничка намера дека на таков начин ќе ја поттикнеш реакцијата на шефовите, зборува за многу примитивна култура што некој се обидува да ја вметне во нашиот начин на политичко размислување.

Доколку се изврши детална инспекција на нашите институции, излегува дека една категорија на вработени сами се исклучуваат од работниот процес, произведувајќи лажен алиби дека само вака утре може да зборува за некој партиски реваншизам, што некој кон некому го имал поттикнато. Тие што мислат вака е добро да се вратат на работните места и да ги остават нивните многу провидни маневри, завиткани во некаков лажен опозитаризам, што нема никаква врска со вистинската политичка култура.

Да се натпреваруваш со конструктивни идеи за доаѓање на власт е легитимна кауза и многу прифатена од масите, а да го саботираш работниот процес во име на некаков опозициски бунт е еднакво со глупавиот менталитет што некогаш го имаше покојниот Хаџи Ќамил.