Пацоли донираше милион евра за обновување на погодените подрачја од земјотресот

7

Косовски вицепремиер и шеф на дипломатијата во заминување, Беџет Пацоли донираше милион евра за обновување на подрачјата погодени од катастрофалниот земјотрес во Албанија. Тој преку објава на Фејсбук, соопшти дека Пацоли објави дека тоа е најмалку што тој и неговото семејство може да направат за, како што пишува „ нашата драга Албанија“. Тој пишува дека парите ќе бидат наменети за реконструкција и ќе бидат потрошени транспарентно во соработка со албанската влада. Пацоли соопштува дека на организиран начин ќе прифати околу 100 семејства во Приштина. Бројот на загинати во Албанија надминува 40.