Педофилот од Србија открил како го грабнал девојчето и признал дека ја злоставувал

10

Српската полиција минатата недела по долга потрага го уапси српскиот педофил и киднапер, Нинослав Јовановиќ, познат во јавноста под прекарот Малчански бербер.

Јовановиќ беше баран од полицијата 17 дена откако ја киднапираше 12-годишната Моника Каримановиќ на 20 декември. Девојчето беше пронајдено на 29 декември, но манијакот кој ја грабна, тогаш успеа да и избега на полицијата. Непосредно откако бил забележан во една куќа во селото Малча, во близина на Ниш, тој беше уапсен во неделата.

Тој во меѓувреме бил сослушан во полиција и им открил на инспекторите како ја грабнал и со што ја заплашувал за време на киднапирањето.

Дванаесетгодишното девојче, Малчанскиот бербер го качил во автомобил додека таа одела на часови, лажно претставувајќи се како нов електричар во училиштето. Кога девојчето сфатило дека мажот ја носи на некое друго место, тој и рекол дека нејзиниот татко му украл некои вредни предмети и дека ќе ја држи како заложник додека не ги добие назад, пишува „Блиц“, а пренесе „Индекс“.

Монструмот на сослушувањето признал дека девојчето го стрижел и злоставувал во повеќе навреди, а кога се обиедела да му избега, тој се заканил дека ќе го убие нејзиниот татко.

Според пишувањето на „Блиц“, за каков монструм станува збор, говори и тоа што за злоставувањето на детето, зборувал како да не е силување.

Според неофицијалните информации, Малчанскиот бербер објаснил дека од крајот на јуни, откако го напуштил домот поради несогласувања со родителите, живеел во шумата и се хранел со плодови од околните полиња.

Наводно, немал намера да украде автомобил, но на тоа се одлучил кога забележал „фиат пунто“ додека барал храна на имот на роднина, бидејќи знаел каде се клучовите за возилото.

Со украдениот автомобил Јовановиќ пристигнал во близина Малчанската јама, каде, како што потврдил, првпат го истрижал и злоупотребил девојчето. Тие ја минале ноќта во импровизиран шатор, во вреќа за спиење.

„Тој сакал да продолжи со автомобилот, но удрил во дрво, па морал да го остави. Потоа заедно со киднапираното девојче оделе по пруга која била затворена поради реконструкција, а на која на 21 декември ги видел човек, но не со посомневал во нешто бидејќи тогаш јавноста уште не знаела за киднапирањето. По пругата дошле до селото Миjковац каде ноќта јa минале во прзна куќа“, изјавил извор од истрагата за „Блиц“.

Потоа, Јовановиќ ја одвел Моника во селото Орешац затоа што знаел дека негов подалечен роднина таму има куќа во која никој не живее. Девојчето се обидело да избега од таа куќа, но не успеало во тоа.

„Излегла сама на улица, но Јовановиќ ја стигнал и ја вратил. Исплашеното девојче плачело и го молела да ја пушти, но тој се заканувал дека ако не се смири ќе го убие нејзиниот татко“, додал изворот, а пренесува „Индекс“.