Пеканов: Бугарија ја доби првата транша од Планот за закрепнување на ЕУ

6

Бугарија ја доби првата исплата според Планот за закрепнување на ЕУ, чија вкупна вредност изнесува 11,8 милијарди лева (шест милијарди евра).

Средствата ќе бидат поделени на пет транши што Бугарија треба да ги добие во следните пет години, изјави на прес-конференција вицепремиерот за управување со европските фондови Атанас Пеканов.

Пеканов додаде дека во Народното собрание мора да поминат 22 мерки.

Најголем дел од нив ќе поминат со донесување на еден закон –  за енергетика. Одделно, мора да се донесат 16 предлог-закони. Барањето за исплата ќе се случи кога ќе се исполнат сите овие мерки, тогаш Бугарија ќе ја добие и следната исплата, додаде вицепремиерот Пеканов. нк/сд/