Пелистер го совлада Вардар и ја освои Струга

30

Во интересно и неизвесно финале битолачни го совладаа актуелниот европски шампион и го освоија 48. издание на традиционалниот предсезонски турнир во Струга.По почетните минути вардарци водеа, а потоа видството замина кај битолчани. Сепак, на пауза се замина со нерешен резултат од 13:13.

Клучната разлика Пелистер ја направи во вториот дел кога Вардар почна да греши, а битолскиот состав се одлепи на плус 4, водство кои го одржуваше до крајот. Во последната минута дојде и до мал инцидент кога Филип Талески и Томислав Кушан влегоа во конфликт кој резултираше со црвен картон за двајцата. Црвен заработи и капитенот Стојанче Стоилов кој се вклучи во преписката, а потоа му беше покажан и син картон што значи дека РФМ може додатно да го казни.

За Пелистер ова е 12-та титула на овој турнир, додека Вардар последен пат се радуваше на оваа титула во 2007.

Финале:
Вардар – Е. Пелистер 23:26

Третото место го освои тимот на Металург кој оствари убедлива победа над Охрид. Охриѓани се држеа сѐ до половината на вториот дел кога тимот од Автокоманда дојде и до плус 6 и го реши победникот.

За 3. место:
Охрид – Металург 25:31

Фото: Турнир Струга
За 5. место:
Прилеп – Бутел 23:25

За 7. место:
Струга – Еурофарм П. 2 21:23