Пендаровски во Москва за Денот на победата

4

Македонскиот претседател Стево Пендаровски ќе учествува на прославата на 75 годишнината од победата во Втората светска војна на 9 мај идната година во Москва по покана од рускиот претседател Владимир Путин, јави руската новинска агенција ТАСС.

„Еден од главните принципи на нашата држава е борбата против фашизмот. Значи, секако ќе бидам таму“, изјави Пендаровски за време на средбата со шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров на маргините на Парискиот мировен форум.

Лидерите на Индија, Куба, Франција, Чешка, Венецуела, Белорусија. Ерманија, Бугарија и Србија се меѓу оние што досега го потврдија нивното учество на прослевите. Покана е испратена и до американскиот претседател Доналд Трамп.