Пендаровски го потпиша указот за назначување на Фрчкоски за амбасадор во ОН

10

Шефот на државата Стево Пендаровски со указ го назначи професорот, Љубомир Фрчкоски, за амбасадор на Македонија во Ораганизацијата на обединетите нации во Њујорк.

На неговотo именување се противеше опозициската ВМРО-ДПМНЕ, блокирајќи ја работата на собраниската комисија за надворешни работи, каде Фрчковски требаше да ги презентира своите тези за оваа позиција.

Во образложението од Кабинетот на Пендаровски пишува дека указот е потпишан бидејќи сите законски услови биле исполнети.

Индикативно е велат, што изминатите 10 месеци на 8 кандидати за амбасадори им било овозможено да ги презентираат своите тези пред комисијата, а за Фрчковски таква седница воопшто не била закажана.