Пендаровски: Забрана за влез на европратеник и други бугарски политичари

6

 

Европратеник од Бугарија и уште неколкумина бугарски државјани да добијат забрана за влез во земјата.

Претседателот Стево Пендаровски побара од државата посилен одговор против сите кои работат спротивно на интересите на Македонијја и го негиираат нејзиното, но и постоењето на македонскиот народ. Според шефот на државата, за лицата за кои се бара забрана за влез, постојат сомневања дека се поврзани со руската разунавачка служба.

Пендаровски откри и дека веднаш по усвојувањето на преговарачката рамка со Европската унија, во Бугарија се активирани структури кои се добро финансиски и логистички поддржани.

Во моментов тие се мобилизирани за да го поддржат организираното доаѓање на 4-ти фебруари во земјава, кога се одберлежува годишнината од раѓањето на Гоце Делчев, настан, кој според шефот на државата, е од висок ризик.

На обвинувањата на бугарскиот министер за надворешни работи, Николај Милков,кој викендов изјави дека во Македонија повторно се вратила насилствата и убиствата, шефот на државата ја порача дека може да е точна но само ако се однесува на периодот од 1941 до 1944 година.

За да се увери пак во традицијата, го покани шефот на бугарската дипломатија да ја посети Ваташа, местото каде беа стрелани 12 млади Македонци. Од владата во софија побара политички да ги изолира сите кои не сакаат добрососедски односи меѓу двете земји.