Пендаровски: Изјавата на Заев за заедничка Влада ме изненади, предлогот е нестандарден

17

Претседателот на Северна Македонија, Стево Пендаровски вчера во дебатниот магазин „Click Plus“ ја коментираше и изјавата на премиерот Зоран Заев околу заедничката Влада со опозицијата.

Тој смета дека ваквиот предлог е нестандарден.

„Морам да ви кажам дека и мене таа изјава ме изненади, иако се сметам за некаков хроничар на нашата политика. Мислам дека неговиот предлог е нестандарден и мислам дека многумина затече, но во суштина многумина не ја сфатија длабочината. Не ги знам неговите мотиви зошто го предложил тоа“, истакна Пендаровски и додаде:

„Но постои во неговиот предлог нешто кое сме го немале во целата историја. Во еден момент вели ако јас не чинам, и јас заминувам. Таа реченица не ја кажал никој“