Пендаровски: Ноторна лага дека во земјава има кампови за обука на терористи

36

Претседателот Стево Пендаровски во своето вечерашно гостување во емисијата „360 Степени“ на Алсат ги отфрла наводите изнесени во австриски весник дека во земјава постои камп за обука на терористи.

„На територијата на Република Северна Македонија нема никакви кампови за обука на терористи, никакви! Ви тврдам одговорно бидејќи побарав и ги добив најновите извештаи и на службата за внатрешни и на службата, наша за надворешно разузнавање. Тоа децидно ви го тврдам“, рече Пендаровски.

Како што додаде Пендаровски, директорот на Агенцијата за разузнавање веќе добил налог од претседателот, со официјален допис да го потврди истото за австрискиот медиум или за други заинтересирани медиуми.