Пендаровски: Преговорите со ЕУ, 7 години

4

Во најдобар случај, преговорите за членство на земјата во ЕУ ќе траат седум години. Претседателот Стево Пендаровски посочува дека за да се преживее овој период на преговори, ќе треба да се направат внатрешни реформи за да се спречи иселувањето на граѓаните, бидејќи според него, стотици илјади граѓани веќе ја напуштиле земјата.

Тој посочи дека по историската грешка кон Северна Македонија и Албанија, во пролет 2020 година можно е со новата методологија да се отвори ова поглавје на преговори. Според него, проблемот со организираниот криминал и високата корупција не се само предизвик за обвинителството и судството, туку и основен услов за оддржување на јавниот ред. Шефот на дипломатијата, Никола Димитров рече дека мини-шенгенот не ја заменува ЕУ.

На конференцијата организирана од Унијата на европски федералисти на Македонија, беше дискутирано и за тоа како бавниот економски раст, невработеноста и ниските плати, слабостите во образовниот систем, јавното здравје и заштитата на животната средина предизвикуваат сè повеќе незадоволство кај граѓаните и се мотив за иселување. Нема официјални податоци од Заводот за статистика, но последната анализа на Светска банка покажува дека околу 500 000 граѓани ја напуштиле земјава.