Пендаровски свика лидерска за одложување на изборите

12

,, Утре во Вила Водно (17.03.2020) ќе бидам домаќин на средба на лидерите на парламентарните политички партии во земјава, СДСМ, ВМРО-ДПМНЕ, ДУИ, ДПА, Беса, Алтернатива и Алијанса за Албанците. Лидерската средба ја свикав со една точка на дневниот ред – можност за одложување на парламентарните избори закажани на 12 април 2020, датум кој беше договорен од страна на лидерите на партиите на средбата која ја организирав во октомври 2019 година по Европскиот совет.
На средбата ќе присуствуваат и претседателот на Собранието Талат Џафери и претседателот на Владата Оливер Спасовски“-соопшти Кабинетот на Претседателот.