Пендаровски: Скопје сè уште живее со споменот за настраданите во катастрофалниот земјотрес

2

Скопје сè уште живее со споменот за настраданите во катастрофалниот земјотрес од 1963, напиша претседателот на државата Стево Пендаровски на неговиот фејсбук-профил.

„Оваа незаборавна трагедија е потсетник дека најважна е нашата безбедност и дека само заеднички можеме да ја надминеме секоја природна и човечка катастрофа“, порача шефот на државата Пендаровски по повод 59 години од катастрофалниот земјотрес во Скопје.