Пендаровски со апел до Бугарија: Изолирајте ги политички луѓето кои не сакаат добрососедски односи

4

 

Изолирајте ги политички луѓето кои не сакаат добрососедски односи, ние тоа го правиме и ќе го правиме кај нас. Македонија не ви е непријател, меѓутоа, оваа држава има закони, има достоинство и кога тие граници ќе бидат преминати, ние секогаш ќе реагираме за да се заштитиме, апелира претседателот Стево Пендаровски до надлежните институции во Бугарија по денешната седница на националниот Совет за безбедност.

Тој нагласи дека секоја сериозна држава во светот го прави истото, вклучително и Бугарија.

– Предлагам, во наредниот период, далеку подобра координација меѓу надлежните институции од двете земји, со цел, да не дозволиме европската агенда и билатералните односи да станат жртва на анахрони националистички и популистички политики од двете страни, потенцираше претседателот.