Пендаровски ќе ја потпише ратификацијата за НАТО

4

Претседателот на Република Северна Македонија Стево Пендаровски, како што е најавено, денеска ќе го потпише указот за прогласување на Законот за ратификација на Северноатлантскиот договор. Овој закон вчера беше донесен во Собранието со 114 гласа за, ниту еден против и ниту еден воздржан. По усвојувањето на законот за члентсвото на земјата во НАТО пред зградата на Собранието беше подигнато знамето на Алијансата. Останува уште Шпанија да го ратификува протоколот и Македонија да стане полноправна членка на НАТО.