Пентагон: Украина доби дополнителен број воени авиони да ја зголеми моќта на својата флота

7

Украина доби дополнителен број борбени авиони од други земји, не вклучувајќи ги САД, како и дополнителни делови за авионите за да им се овозможи да добијат повеќе моќ во воздух, според портпаролот на Министерството за одбрана.

„Јас само би рекол, без да навлегувам во она што другите нации го обезбедуваат, дека добија дополнителни авиони и делови за да можат да ја зголемат големината на нивната флота, големината на нивната авионска флота. “, рече прес секретарот на Пентагон,Џон Кирби.

Официјален претставник на Белата куќа изјави за Си-Ен-Ен во саботата дека пратките од последниот пакет за безбедносна помош на администрацијата на Бајден за Украина „почнаа да пристигнуваат“.

Американскиот претседател Џо Бајден минатата недела одобри дополнителен пакет од 800 милиони долари во оружје, муниција и безбедносна помош за Украина.

Соединетите Американски Држави, за прв пат, се согласија да му обезбедат на Киев видови на оружје со голема моќ што некои претставници на администрацијата на Бајден пред неколку недели ги сметаа за преголем ризик од ескалација, вклучително и 11 хеликоптери Ми-17; 18 топови од 155 мм и уште 300 дронови Switchblade, објави Си-Ен-Ен.