Перез му порачал на Ал Келаифи: И Реал ќе направи нов дрим-тим и тоа – бесплатно! 18 август 2021 – 08:00 Откако Пари Сен Жермен го потресе целиот светски фудбал со низата џиновски трансфери за да создаде ѕвезден тим, ангажирајќи ги Лионел Меси, Серхио Рамос, Џорџино Вајналдум, Џиџо Донарума и Ашраф Хакими, првиот човек на Реал Мадрид, Флорентино Перез му упати посебна порака на Катарецот, Насер Ал Келаифи. ПСЖ за четворица од петте летни засилувања не даде ни цент за отштета, сите ги донесе бесплатно (Меси, Рамос, Вајналдум, Донарума), но им даде неверојатни плати, додека за Хакими на Интер му платија 60 милиони евра плус 10 во бонуси во следниот период. Но, проблем за парижание е што може да го загубат Килијан Мбапе, кој отворено им порачал дека сака во Реал Мадрид. Шпански „АС“ повикувајќи се на информации блиски до Флорентино Перез, првиот човек на „кралевите“ го објави планот, кој сѐ ќе дојде на „Сантјаго Бернабеу“ до крајот на 2022 година и наводно Перез му упатил порака на Ал Келаифи со зборовите: „не се секирај и Реал ќе направи дрим-тим и тоа бесплатно“. Летово во Мадрид дојде Давид Алаба, извонредниот фудбалер на Баерн Минхен и австриски репрезентативец, а следни на листата се Антонио Рудигер (Челси), Леон Горецка (Баерн Минхен) и Килијан Мбапе (ПСЖ), како и Пол Погба (Манчестер јунајтед) и Едуардо Камавинга (Рен), за кои ПСЖ исто така силно е заинтересиран. На сите овие им истекува договорот идното лето. Адутот на мадриѓаните е гламурозноста на Реал Мадрид, зашто тешко дека Перез ќе може да се трка со ПСЖ со пари за платите.

5

Откако Пари Сен Жермен го потресе целиот светски фудбал со низата џиновски трансфери за да создаде ѕвезден тим, ангажирајќи ги Лионел Меси, Серхио Рамос, Џорџино Вајналдум, Џиџо Донарума и Ашраф Хакими, првиот човек на Реал Мадрид, Флорентино Перез му упати посебна порака на Катарецот, Насер Ал Келаифи.

ПСЖ за четворица од петте летни засилувања не даде ни цент за отштета, сите ги донесе бесплатно (Меси, Рамос, Вајналдум, Донарума), но им даде неверојатни плати, додека за Хакими на Интер му платија 60 милиони евра плус 10 во бонуси во следниот период. Но, проблем за парижание е што може да го загубат Килијан Мбапе, кој отворено им порачал дека сака во Реал Мадрид.

Шпански „АС“ повикувајќи се на информации блиски до Флорентино Перез, првиот човек на „кралевите“ го објави планот, кој сѐ ќе дојде на „Сантјаго Бернабеу“ до крајот на 2022 година и наводно Перез му упатил порака на Ал Келаифи со зборовите: „не се секирај и Реал ќе направи дрим-тим и тоа бесплатно“.

Летово во Мадрид дојде Давид Алаба, извонредниот фудбалер на Баерн Минхен и австриски репрезентативец, а следни на листата се Антонио Рудигер (Челси), Леон Горецка (Баерн Минхен) и Килијан Мбапе (ПСЖ), како и Пол Погба (Манчестер јунајтед) и Едуардо Камавинга (Рен), за кои ПСЖ исто така силно е заинтересиран. На сите овие им истекува договорот идното лето.

Адутот на мадриѓаните е гламурозноста на Реал Мадрид, зашто тешко дека Перез ќе може да се трка со ПСЖ со пари за платите.