Перез подготвува отказ – “Ел Класико“ може да му пресуди на Зидан!

33

Флорентино Перез сериозно размислува да му врачи отказ на Зинедин Зидан од тренерската функција во Реал Мадрид по двете катастрофални изданија на „кралевите“ и поразите од Кадиз и од Шахтјор. „Кралевите“ играат под своето ниво од стартот на сезоната, почетните резултати ги прикрија слабите изданија, но сега кога тимот влезе во серија на порази ситуацијата станува алармантна.

Причина повеќе за загриженост на Французинот е фактот дека следен меч за Реал е големото дерби против Барселона на „Камп Ноу“, дуел што би можел да му пресуди на Зизу. Извори блиски до управата тврдат дека ново бледо издание и убедлив пораз на „кралевите“ ќе ја прелие чашата кај Перез, па Реал веќе до крајот на оваа седмица би можел да изврши тренерска смена. Факт е дека Реал и играчки не е толку моќен како во претходните сезони, но управата вината за тоа ја гледа кај Зидан, кој инсистираше на заминување на Бејл и на Хамес Родригез, упорно игнорирајќи ги нивните квалитети.

Вечното дерби со Барселона ќе биде и последна шанса за Зидан за спас, а како кандидат за привремен наследник на Французинот се споменува клупската легенда Раул Гонзалес, кој и тоа како беше успешен како предводник на младинската екипа на Реал Мадрид.