Перес е првиот заразен возач со Коронавирусот, нема да вози на Силверстоун

6

Возачот на Рејсинг поинт, Серхио Перес е позитивен на Коронавирусот и нема да учествува на следната трка за Големата награда на Велика Британија. Првиот тест на мексиканскиот возач бил со нејасни резултати, па морал повторно да оди на тестирање.

Вториот тест покажал дека Перес е позитивен на опасниот вирус и автоматски нема да може да учествува на следната трка на патеката на Силверстоун. Возачот е испратен во самоизолација, каде ќе се следи неговата состојба. Засега тој е добра здравствена состојба.

Од клубот на Рејсинг Поинт најавија дека денеска ќе потврдат кој ќе биде возачот што ќе го замени Перес на неделната трка. Се очекува во болидот да влезе Ленс Строл, но можно е да му се даде шанса и на Нико Хилкенберг.

Според најавите, можно е Перес да ја пропушти и следната трка на Силверстоун која ќе се вози на 9 август, но постои опција да го нема меѓу возачите и на трката за Големата награда на Каталонија која ќе се вози на 16 август.