Песков: Новогодишно примирје во Украина не е на дневен ред

9

Русија не добила никаков предлог за евентуален новогодишен прекин на огнот во Украина и затоа ова прашање не е на дневен ред, изјави портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.

Коментирајќи ги наводите за можна испорака на американските системи за противракетна одбрана Патриот во Украина, Песков рече дека тоа се медиумски извештаи, кои „денес се неверодостојни“ и дека ќе чека официјални информации.

Песков рече дека ја споделува визијата на заменик-шефот на рускиот Совет за безбедност Дмитриј Медведев, кој рече дека системите Патриот ќе бидат „легитимна цел“.

Зборувајќи за решението за Нагорно Карабах, Песков рече дека се организира трилатерална средба на лидерите на Русија, Азербејџан и Ерменија.

„Планирана е неформална средба на шефови на држави на Заедницата на независни држави, на која тројцата лидери ќе имаат можност да разговараат на маргините“, посочи Песков.

Тој не даде никакви детали за одговорот на горната граница на цената на руската нафта, наметната од Европската унија, велејќи дека наскоро ќе биде издаден претседателски декрет за ова прашање.