ПЕТИЦИЈА против пушењето во затворен простор од вчера собра над 4.600 потписи

6

Онлајн петиција пуштена од пред 17 часа со која се бара повторно да се врати во функција законот против пушење во затворен простор веќе има собрано над 4.600 потписи.

„Да се врати законот против пушење во затворен простор во функција, доста е труење од туѓите лоши навики, доста е усмрдување на облека, коса и тело од чадови! Се работи за вашето и нашето здравје! Се работи за здравјето на нашите деца!“, пишува на петицијата.