Петков: Лично не сум го видел францускиот план – сите предлози мора да се во согласност со рамковната позиција на Бугарија и да поминат низ Собранието

13

Бугарскиот премиер Кирил Петков вели дека не го видел францускиот план за посредување мешу Бугарија и С Македонија што би резултирало со кревање на ветото за почеток на преговорите со ЕУ.

„Планот на Франција, јас лично не сум видел ништо црно-бело. Секогаш сме отворени и подготвени да разговараме со сите наши европски партнери доколку имаат некакви предлози кои имаат смисла, но тие мора да бидат во рамковната позиција на Бугарија, и што и да се направи, дури и ако треба да се потврди рамковната рамка на Бугарија, ќе помине низ бугарскиот парламент“,рече Петков, одговарајќи на прашање на Бугарското национално радио за новите информации за француско посредување во врска со перспективата за членство на Северна Македонија во ЕУ.

БГНЕС денеска објави нова анализа под наслов „Ќе го укине ли Бугарија ветото за почеток на преговорите за членство во РСМ во ЕУ?“ во која анализира три можни сценарија за ветото: Вградување на бугарските услови во преговарачката рамка за РСМ, откажување од сегашната позиција и замена со временски и просторно одложени очекувања или задржување на актуелната бугарска позиција.

Пред неколку дена истата агенција објави текст со сценарио за кревање на ветото на Бугарија, кое вклучува посета на Петков и Радев на Париз на средба со францускиот претседател Макрон.